На социјалните мрежи кружат видеа како потсетување дека на новогодишната ноќ, кога е полноќ, треба да изедете 12 грозје. Ова, секако, дојде со прашањето – зошто?, а одговорот е многу интересен и натопен во традицијата на Шпанија.
Јадењето 12 зрна грозје на полноќ на Нова година е долгогодишен обичај, особено во Шпанија и некои земји од Латинска Америка.
Се верува дека традицијата да се јаде грозје на полноќ ја поздравува среќата и просперитетот во наредната година. Познато е како „Las doce uvas de la suerte“ или „Дванаесетте зрна грозје на среќата“, а секое од 12-те зрна грозје претставува еден месец во новата година.
Се верува дека овој обичај започнал во Шпанија кон крајот на 19 или почетокот на 20 век. Една теорија тврди дека се појавила како начин да се справи со хиперпродукцијата на грозје по особено добра жетва.
Лозарите и производителите од регионот на Аликанте го промовираа обичајот луѓето да го консумираат грозјето што е „претекло“ односно го има во изобилство како вишок.
@katsticklerMy mom is so proud