ОБИ МИКЕЛ: „Ќе биде еб*на катастрофа ако…“

72
epa11916251 Players of Chelsea huddle ahead of the English Premier League soccer match between Aston Villa and Chelsea, in Birmingham, Britain, 22 February 2025. EPA-EFE/TIM KEETON EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Англискиот премиерлигаш Челзи моментално е во лоша форма, а капката што ја прели чашата се двата последователни порази од Брајтон во период од шест дена.

Најпрво лондонските „сини“ загубија во ФА Купот со 2:1 и со тоа беа елиминирани од ова натпреварување, а потоа беа поразени од истиот тим во англиската Премиер лига со убедливи 3:0.

Навивачите не се задоволни од игрите на своите миленици, но и од некои тактички потези на шефот на стручниот штаб, Енцо Мареска.

Еден од оние кои не се задоволни од италијанскиот тренер е поранешниот играч на Челзи, дефанзивниот играч за врска – Џон Оби Микел.

Нигериецот мина дури 11 сезони во дресот на „сините“, па сигурно е дека неговиот збор има одредена тежина.

По завршувањето на професионалната кариера, тој создаде свој подкаст, кој е многу популарен во Англија, а во последното издание на истиот упати жестоки зборови до Мареска.

„Ќе биде еб*на катастрофа ако не завршиме на местата што водат во Лигата на шампионите. Го мразам она што го кажа Мареска, дека не беше договор да влеземе во Лигата на шампионите оваа година. Ако го сакате клубот, мора да кажете кога нешто не оди како што треба. Сега сите можеме да видиме како стојат работите, јас бев во право“, изјави Микел.

Меѓу другото, тој го зборуваше и за менталитетот на клубот, кој беше тотално поинаков кога Абрамович беше сопственик на клубот. Тогаш се очекуваше Челзи секоја сезона да го освојува трофејот, а сега сите се задоволни ако се освојува секоја трета сезона, изјави Нигериецот.

Микел немаше пофални зборови ниту за Џејдон Санчо, рече дека го очекувал Санчо од Дортмунд, но дека тоа не се случило и дека овој играч „исчезнал“.

Тој побара од спортскиот директор Пол Винстанли да донесе „вистински“ центарфор за да му помогне на Џексон, а ги издвои Виктори Осимен и Виктор Џокереш.

„Две победи на девет натпревари? Роман (Абрамович) досега ќе слеташе со хеликоптер на теренот и ќе го отпуштеше тренерот“, заклучи Микел.

ИЗДВОЕНИ