Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор

750

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби 30 дена притвор, откако вчера тој беше приведен за кривичното дело „оддавање службена тајна“.

Казните за ова дело се од 1 до 20 години затвор.

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.

Од Министерството за внатрешни работи претходно информираа дека на Сарамаков ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „оддавање службена тајна“.

ИЗДВОЕНИ