Умар Нурмагомедов и Мераба Дваишвали приредија незаборавен спектакл за љубителите на боречките вештини на настанот УФЦ 311 во Лос Анџелес. Момчето од Грузија, Мераба Дваишвили, по одлична борба од пет рунди, славеше против храбриот Нурмагомедов, кој се бореше со скршена дланка речиси цел меч.
Во првата рунда, Нурмагомедов заработи скршеница на раката, но не сакаше да се откаже од борбата. И покрај силните болки, тој продолжи да се бори и херојски издржа уште четири рунди. Не успеа да слави, но неговата храброст ги освои срцата на навивачите ширум светот.
View this post on Instagram
Во главната борба на вечерта, најдобриот ММА-борач на денешницата, Ислам Махачев, го одбрани шампионскиот појас, совладувајќи го Ренато Мојкан. Тој требаше да се соочи со младиот Арман Царукјан, кој се повлече поради повреда два дена пред борбата, па Мојкан влезе како замена.
Во првата рунда, Махачев го собори својот ривал и ја изведе популарната „гилотина“, принудувајќи го да се предаде. Ова беше негова рекордна четврта одбрана на титулата во УФЦ во лесна категорија, нешто што не му успеа ниту на големиот Хабиб Нурмагомедов, кој трипати успеа да го одбрани појасот.
Islam Machachev Lightweight Champ Submits Moicano ROUND 1 🔥 pic.twitter.com/2T2FvRfirk
— Smile ツ (@Sm1le01Smile) January 19, 2025
Покрај тоа, Ислам ја постигна 15. победа во низа и е на чекор до рекордот поставен од Андерсон Силва, пред повеќе од една деценија.