Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија, смета Лавров

39
EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за „закана“.

„Се разбира, ова е закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија, тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје, подготвувајќи се за употреба на нуклеарно оружје против Русија, ова е, се разбира, закана“, рече Лавров на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.

ИЗДВОЕНИ