Њујорк Тајмс: Русија ќе ги задржи анектираните територии во договор со САД

196

Американските власти признаваат дека Русија ќе ги задржи анектираните територии доколку се постигне договор за Украина, предводен од САД, пишува Њујорк тајмс.

Многу советници од администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп веќе признаа дека, како дел од можниот прекин на огнот со Украина, руската страна ќе ги задржи териториите што претходно ги анектираше.

„Русија најверојатно ќе ги задржи своите војници на приближно 20 отсто од територијата на Украина“, забележува изданието, пренесува веб-страницата „vesti.ru“.

ИЗДВОЕНИ