Жителите на Нови Сад вечерва се собраа да му оддадат почит на Вукашин Црнчевиќ (18), 16-та жртва од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Студентите од Нови Сад кои моментално се во блокада повикаа на оддавање почит со прошетка до железничката станица.
Вукашин, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на трагедијата што со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.
„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ММА, пациентот им подлегна на сложените повреди и последователните компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопштија од ВМА.
Настрешницата тешка неколку стотици тони се урна врз 17 луѓе кои се наоѓаа под неа – меѓу најтешко повредените е Вукашин. Најпрвин бил лекуван во Клиничкиот центар во Војводина, а на 29.01.2025 година бил префрлен на ВМА, каде е сместен на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и интензивна терапија.
Според негови познаници, младичот бил во автошкола и се враќал дома кога се урнала настрешницата. Во септември го прослави својот 18 роденден, со нетрпение чекал да го положи возачкиот испит и да купи автомобил.
Novosađani se okupljaju u kampusu, kako bi odali poštu Vukašinu Crnčeviću, 16. stradalom u padu nadstrešnice Železničke stanice#NoviSad pic.twitter.com/0OJBoscxyb
— Radio 021 (@Radio021) March 21, 2025