Новопечените родители за првпат во јавност со својот син: Марго Роби и Том Акерли блескаат во новата животна улога

60

Австралиската актерка Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли неодамна го добија своето прво дете, а веста ја криеја од јавноста цели две недели. Деновиве тие беа видени како се шетаат во Лос Анџелес со нивното бебе кое го туркаа во количка.

Двојката добила момче, кое се родило на 17 октомври, пишува Дејли Мејл.

Марго отишла на прошетка со бебето во количка и со пријателка, а потоа и се придружи нејзиниот сопруг, продуцент со кој е во брак од 2016 година. Актерката се прошета во лежерна комбинација, со црни широки панталони и со бела широка кошула.

Нејзината бременост стана позната на почетокот на јули, а на Вимблдон за првпат го покажа своето бебешко испакнување.

Марго го запознала Том на сетот на филмот „Suite Française“ во 2014 година. Тие се венчаа две години подоцна во Австралија. Приватниот живот двајцата го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот „Барби“, во кој Марго ја игра главната улога.