Почна новогодишното украсување во Битола. Новогодишно ќе блеснат: Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот „Магнолија“ и Старата битолска чаршија.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера.
– Комплетното украсување на градот ќе биде завршено до 10 декември, а во меѓувреме се утврдува новогодишната програма „Зимска приказна“ која ќе се одвива од 20 декември, 2024 година до 6 јануари, 2025 година. Со оваа манифестација поттикнуваме културен туризам исполнет со концерти на локални и регионални бендови, како и детски претстави – информираа од Општина Битола.
Новогодишната „Зимска приказна“ ќе ја реализираат уметници и ансамбли од градот и државата.