Новогодишни медени колачиња: празник и за окото и за стомакот

129

Разубавете ги претстојните празници за себе и вашето семејство со овие прекрасни новогодишни колачиња. Прекрасниот мирис на различни зачини ќе се шири низ куќата. Ако имате среќа, ќе ви траат и до Божиќ. Или тогаш ќе направите нова тура.

Состојки:

  • 120 гр свинска маст
  • 160 гр мед
  • 350 гр обично брашно
  • 100 гр шеќер во прав
  • 5 гр прашок за пециво
  • 1 јајце
  • зачини: цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче, анасон, бурбон ванилин шеќер,

За украсување:

  • 1 белка од јајце
  • околу 200 гр шеќер во правнеколку капки лимон
  • бои по желба

    Подготовка:

Истурете ја маста во сад, додадете мед, па стопете додека мешате. Не смее да зоврие. Просејте го брашното, додадете шеќер во прав и прашок за пециво. Потоа додадете ги зачините и изматено јајце. На крајот додадете ги растопената маст и медот, па добро измешајте. Замесете тесто и покријте го со проѕирна фолија. Ставете во фрижидер околу 2-3 часа или преку ноќ. Расукајте го тестото на набрашнета површина и потоа со калапи исечете ги колачињата по желба. Печете на 180°C околу 8 минути, на плех обложен со хартија за печење.

За декорација:

Белката матете ја да стане пенеста, па постепено се додава шеќерот во прав. Не смеете да матите премногу. Додадете неколку капки лимон. Ако сакате премазот да биде во боја, сипете неколку капки боја во веќе одвоената смеса и измешајте. За да не се исуши смесата, веднаш сипете ја во кесички за украсување или кеси за замрзнување, од кои ќе го исечете горниот дел. Или покријте ја смесата со фолија. Декорирајте по желба.

ИЗДВОЕНИ