Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска повторно ќе биде сослушан Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, потврдија за Танјуг во обвинителството.
Рочиштето започна во 10 часот, а повод за повторното рочиште беа дополнителни прашања од обвинителството.
Како што пренесува „Блиц“, осомничениот пристигнал во обвинителството во придружба на судски стражари со лисици на рацете.
Срѓан Јанковиќ, претходно беше сослушан во обвинителството на почетокот на јуни кога ја негираше вината, додека за прв пат по апсењето се бранеше молчејќи, односно го искористи законското право да не дава одбрана.
Второпријавениот Дејан Драгијевиќ, го признал убиството.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени дека со службеното возило во Бањско поле ја удриле Данка Илиќ, ја ставиле во автомобил и ја однеле на блиската депонија.
Неколку дена по злосторството, Драгијевиќ, наводно, се вратил на депонијата и со помош на неговиот брат Далибор и таткото Радослав го префрлиле телото на друга локација. Во меѓувреме, Далибор и Радослав Драгијевиќ беа приведени, а Далибор почина во полициска станица.
Телото на Данка Илиќ се уште не е пронајдено