Се очекуваат драстични промени во кошарката. Оваа игра нема да биде иста во иднина, а на натпреварите ќе гледаме поголем број поени и многу повисоки статистички параметри. Филипинците дојдоа на идеја да воведат шут за четири поени, и тој ќе биде прифатен.

За прв пат ќе гледаме кошаркарски натпревар на кој на Филипините ќе има бодување за четири поени. Сето тоа ќе се случи на Гувернер купот, потврдија од Кошаркарскиот сојуз на оваа земја.

Линијата за четири поени ќе биде поставена на 8,23 метри од кошот.

На почетокот, кошарката немаше ни линија за три поени. Таа беше воведена дури во 1979 година, во НБА, а беше на растојание од 6,75 од кошот.

По НБА, тројката беше воведена во Европа, а во 1984 година ја видовме за првпат  -на Олимписките игри во Сеул.

Имаше промени и на почетокот од деведесеттите. Линијата за три поени во НБА денеска е на 7,24 метри, додека во Европа е поместена од 6,25 на 6,75.

Дури се разгледува и опцијата за шут за пет поени, кој би бил од половината на противникот.

Во кошарката често гледаме удари од кош на кош во последните секунди, а во иднина тоа може да донесе и пет поени.

Нема дилема дека кошарката ја очекуваат драстични промени во иднина.

Како ќе изгледаат шутот за четири поени и игрите со тоа правило, ќе дознаеме многу брзо, на Филипините.