Ново обраќање на Трамп до Американците: Ме спаси Бог, нема да се плашиме пред лицето на злото

1489
epa11476746 Former US President Donald Trump is rushed off stage by secret service after an incident during a campaign rally at the Butler Farm Show Inc. in Butler, Pennsylvania, USA, 13 July 2024. EPA-EFE/DAVID MAXWELL

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов мандат на чело на државата Доналд Трамп се огласи по обидот за негово убиство и им испрати порака на своите симпатизери.

Трамп ѝ се обрати на нацијата преку социјалната мрежа Трут сошал и им се заблагодари на сите кои се грижат за неговата состојба.

„Само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме туку наместо тоа ќе останеме отпорни во нашата вера и пркосни пред лицето на Злото. Нашата љубов оди кај останатите жртви и нивните семејства. Се молиме за закрепнување на ранетите, а во срцата го чуваме споменот на нашиот убиен граѓанин“, рече Трамп.

Порача дека Американците мораат да бидат обединети по се што се случува.

„Во овој момент е поважно повеќе од кога и да е да бидеме обединети и да го покажеме својот цврст карактер како Американци и да останеме силни и одлучни и да не дозволиме злото да победи. Навистна ја сакам нашата земја, ве сакам вас и се радувам на разговорот со вас во Висконсин во текот на претстојната седмица“, порача Трамп.

Трамп на својата социјална мрежа и изутрината испрати порака до граѓаните и зборуваше за детали за нападот.

„Засега не се знае ништо за човекот кој пукаше, а кој сега е мртов. Погоден сум со куршум кој ми го проби горниот дел од увото. Веднаш знаев дека нешто не е во ред. Слушнав фијукање, пукање и веднаш почувствував како ја пробива кожата. Имаше многу крв па сфатив што се случува. Бог да ја благослови Америка“, рече Трамп.