EPA-EFE/TIM KEETON

Англискиот фудбалер Кирнан Дузбери-Хол е нов фудбалер на Челзи, објави лондонскиот клуб. Дузбери-Хол (25) потпиша шестгодишен договор со Челзи. Тој дошол во лондонскиот клуб од Лестер, за 35 милиони евра, пренесува Би-би-си.

  • Неверојатно е да седите овде како играч на Челзи. Ова е клуб во кој луѓето растат и се надеваат дека еден ден ќе играат, па затоа е привилегија да се биде овде – изјави новиот играч на Челзи.

Во лондонскиот клуб тој повторно ќе соработува со менаџерот Енцо Мареска, кој минатата сезона го предводеше Лестер.

Минатата сезона, за Лестер, Дузбери-Хол постигна 12 гола на 49 на сите натпреварувања.