
Првата книга на Салман Ружди од 2022 година, кога беше прободен и ослепен во едното око на јавен митинг во Њујорк, ќе биде објавена во ноември оваа година, пренесува Бета.
Издавачката куќа „Рендом хаус“ објави дека книгата на Ружди „Единаесеттиот час“, која издавачот ја опиша како „пет поврзани приказни и новели кои ги истражуваат вечните мистерии на единаесеттиот час од животот“, ќе биде објавена на 4 ноември.
Дејството на „Единаесеттиот час“ се одвива во три делови од светот каде што живеел Ружди: Индија, Англија и САД.
„Трите новели во оваа книга, сите напишани во последните 12 месеци, истражуваат теми и места за кои сум размислувал многу – смртност, Мумбај, разделба, Англија – особено Кембриџ, гнев, мир, Америка. И Гоја и Кафка и Бош“, рече Ружди.
„Среќен сум што приказните, многу различни една од друга по сценографија, заплет и техника, сè уште се поврзани една со друга и со двете приказни кои служат како пролог и епилог на оваа трилогија“, додаде тој.