Пред почетокот на новата сезона, ФИА објави нови правила со кои се воведуваат уште построги казни за пцости и несоодветно однесување на возачите во Формула 1. Имено, возачите кои ќе прекршат одредени правила можат да добијат парични казни од 120.000 евра, одземања на бодови или суспензии, што значително ги заострува дисциплинските мерки во спортот.
Правилата предвидуваат казни за „навредлив јазик, знаци или гестови кои можат да предизвикаат непријатност или да бидат несоодветни“.
Првата казна е со основен износ од 10.000 евра, кој се зголемува на 40.000 евра за возачите во Формула 1. Доколку возачот го повтори истиот прекршок, казната се зголемува на 80.000 евра и постои можност за суспензија. Додека третото повторување на истиот прекршок предвидува парична казна од 120.000 евра, одземање бодови и едномесечна забрана за учество.
ФИА, исто така, ги задржа строгите мерки против политички или религиозни изјави без претходно одобрение, со задолжително јавно извинување и повлекување на коментарите.
Дополнително на сето ова, секое непочитување на правилата за церемонии предвидува казна од 15.000 евра.
Додека повторените прекршувања ќе доведат до забрана за пристап до клучните зони како што се патеката. Новите правила, кои вклучуваат и мерки за заштита на животната средина, ја одразуваат желбата на ФИА да ја зачува неутралноста и интегритетот на спортот, но веќе предизвикуваат жестоки реакции во Ф1 заедницата.
Минатата сезона можевме да видиме практично војна помеѓу ФИА и возачите, а прв што ја премина линијата беше Макс Верстапен. Холанѓанецот изнервиран од пеналите дури се закани со предвремена пензија.
Дали овие нови правила ќе предизвикаат дополнителни контроверзии и на патеката и надвор од него, останува да видиме. Но, она што е сигурно е дека Макс ќе има што да каже за новиот правилник.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16 март, кога е закажана ГН на Австралија. Секако, тркачкиот викенд започнува в петок, на 14 март, кога е закажан првиот слободен тренинг.