Новите фотографии на Бред Пит предизвикаа бура на социјалните мрежи: Разводот го докрајчи!

106

Бред Пит се појави во Лос Анџелес пред неколку дена, за прв пат по разводот со Анџелина Џоли кон крајот на минатата година, по осум години турбулентна постапка за развод.

Изгледот и новиот имиџ на актерот наголемо се коментираат, а на некои познатиот  холивудски убавец „имун на стареење“ не изгледа баш најдобро.

Бред Пит не го менува модниот правец ни во 2025 година, па изгледа како моден инфлуенсер, облечен „рибарск“ модерен шешир и торба со иницијали БП.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)

Актерот со години неправедно беше занемарен на листите на најдобро облечени мажи во светот, за да покаже уште повеќе од кога било колку му е важен стилот, како дел од неговиот имиџ, и колку добро знае да се облекува, дури и иако на некои обожаватели не им се допаѓа неговиот начин на облекување, а особено шеширот.

Фотографиите на Бред Пит во сина облека се опишуваат како „кул“, но коментарите забележуваат дека актерот воопшто не изгледа кул, туку „видливо остарено“, бидејќи „разводот го докрајчи“.

Покрај коментарите дека годините конечно го стигнале, а има 60, има и честитки затоа што „конечно се ослободил од Анџелина“, односно „се ослободил од пеколот кој му го правела поранешната сопруга.

ИЗДВОЕНИ