Новиот клуб на Исак ќе го шокира целиот свет, но и тоа што нудат за него

77
epa11805326 Alexander Isak of Newcastle celebrates scoring the 1-2 goal during the English Premier League match between Tottenham Hotspur and Newcastle United, in London, Britain, 04 January 2025. EPA-EFE/ANDY RAIN No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Како што стојат работите, престојното лето ќе помине во знакот на уште еден голем трансфер кој ќе го воодушеви целиот свет, а во центарот на вниманието ќе биде напаѓачот на Њукасл, Александар Исак.

Брзоногиот напаѓач е тема на разговор во многу клубови, а за неговиот потпис се очекува голема борба.

Исак пристигна во Њукасл од Реал Сосиедад за околу 80 мил. евра во 2022 година и не му требаше многу време за да ги покаже сите свои квалитети.

Оттогаш, тој се разви во еден од најдобрите напаѓачи во светот, постигнувајќи 57 гола на 98 одиграни натпревари за Њукасл. За него интерес покажаа Баерн (М) и Манчестер Јунајтед, но некако најмногу го поврзуваат со Арсенал и Ливерпул.

Како што пренесуваат француските медиуми, ниту еден од овие четири клуба нема да биде следната дестинација на Исак, туку тоа ќе биде гигант од Франција.

Новинарот на „RMC Sports“, Даниел Риоло, тврди дека ПСЖ подготвил голема понуда за Исак и дека во неа ќе има дури тројца првотимци.

„Дали не би оделе на се или ништо кога станува збор за Александар Исак ако сте ПСЖ? Тие се подготвени на се или ништо. Можат да ги заменам Рамос или Коло Муани за Исак. Подготвен е и пакет кој би го вклучил Асенсио, како и Канг-Ин Ли“, изјави Риоло.

Оваа сезона Исак одигра 31 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и додаде пет асистенции.

Во Премиершип само Ерлинг Халанд со 20 гола и Мохамед Салах кој постигна 25 гола се подобри од Исак кој сезонава постигна 19 гола.

Со оглед на тоа дека одигра 24 натпревари во Премиершип, Исак постигнува 0,86 гола на секои 90 минути, што е подобро од Халанд, но малку „доцни“ зад Салах.

Него и неговиот тим наскоро го очекува финалето на Карабао купот каде ќе играат против Ливерпул.

 

 

ИЗДВОЕНИ