Новиот француски премиер ја призна сериозноста на буџетската ситуација

102
EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Новиот премиер на Франција, центристот Франсоа Бајру, денеска изјави дека е свесен за сериозноста на политичката и буџетската ситуација во земјата кога ја презеде функцијата од неговиот претходник Мишел Барние.

„Знам сè за Хималаите кои претстојат“, рече Бајру во палатата Матињон, седиштето на француската влада.

Дефицитот на Франција, втората по големина економија во еврозоната, достигнува 6,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а нејзиниот долг, на кој каматата изнесува 60 милијарди евра годишно, „е прашање што претставува морален проблем. не само финансиски“, рече тој.Бајру, пренесува Бета.

Новиот премиер има задача да го обезбеди буџетот за следната година, без мнозинство во парламентот, кој пред неколку дена гласаше против Барние.