Швајцарецот Хенри Бернет го освои Австралијан опен во јуниорска конкуренција, и стана првиот Швајцарец кој успеал да го направи тоа. Бернет во финалето го совлада Американецот Бен Вилверт со 6:3, 6:4.

За работите да бидат уште поинтересни, ова младо момче токму на денот на финалниот натпревар наполни 18 години, а за време на турнирот ги воодушеви сите со својот брилијантен бекхенд со една рака, кој беше заштитен знак на големиот Роже Федерер.

Патот на Бернет до титулата беше импресивен, ги победи водечките фаворити и го покажа својот талент во текот на целиот турнир. Неговиот настап привлече споредби со Федерер и Стен Вавринка, а се запознал со Федерер, и тренирал со Вавринка, кои инаку се неговите идоли. Со оваа победа младиот Швајцарец не само што постигна личен успех, туку постигна и нешто што ниту Федерер не можеше да го направи како јуниор на АО.

Поради сето ова, споредбите меѓу Бернет и Федерер се неизбежни. Бернет, како и Федерер, е роден во Базел и почна да тренира во ТЦ Олд Бојс.

ИЗДВОЕНИ