Чејс Адамс, младиот напаѓач од Напервил, испиша нова страница во американската фудбалска историја.
Овој, 16-годишен напаѓач постигна неверојатни 10 гола во квалификациите за Светското првенство против Сент Лусија, а неговата репрезентација забележа убедлива победа од 22:0.
Така младиот напаѓач постави нов рекорд во американскиот фудбал за најмногу постигнати голови од американски играч во квалификациите за Светското првенство, било во машка или во женска конкуренција.
Својот одличен настап Американецот го најави во 13. минута. На семафорот стоеше 3:0, а стрелец секако беше Адамс. Првиот гол го постигна во 8. минута, а во 13. минута од натпреварот постигна и хет трик.
Како што одминуваа минутите, се чинеше дека Чејс не планира да престане да постигнува голови додека судијата не означи крај на натпреварот.
Мрежата се тресеше со неверојатна леснотија, а сето тоа беше само увертира за неговите 10 гола. Сигурно рекорд кој долго ќе се памети на американските терени.
Неговиот настап ги потсети фудбалските фанови на сега веќе големата ѕвезда од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
Момчето кое како тинејџер во дресот на норвешката репрезентација до 20 години постигна неверојатни 9 гола на еден натпревар.
Секако, има многу контроверзии кога станува збор за силата на противниците со кои се соочи Чејс.
Но, треба да се истакне дека дури ни Халанд немаше ’потешка’ задача затоа што играше против селекцијата У-19 на Хондурас.
Сигурно со овој настап Чејс се појави на радарот на многумина, и менаџери и фудбалски академии.
Она што сега му е најважно е да пристигне на европскиот континент, каде што условите, но и познавањето на самата фудбалска игра се на многу повисоко ниво во споредба со САД.