Висок функционер на Хамас изјави за Ал Џезира дека групата го отфрлила египетскиот предлог за прекин на огнот, кој би вклучил и разоружување на групата.
Висок функционер на Хамас изјави за Ал Џезира дека групата го отфрлила египетскиот предлог за прекин на огнот, кој би вклучил и разоружување на групата.
Се наведува дека египетската страна нагласила дека не може да се постигне договор со Израел додека групата не го остави оружјето.
Според официјални лица, Хамас останува на ставот дека фокусот на договорот треба да биде ставање крај на израелската војна против Газа и повлекување на израелските сили од енклавата.
Тој додава дека оружјето на Хамас не било предмет на дискусија.
Нур Одех известува од Аман затоа што израелските власти и палестинските власти ѝ забранија на Ал Џезира да известува од таа земја и окупираниот Западен Брег.
Неименуван висок функционер од палестинското движење Хамас изјави за Ал Џезира Aрабик дека вооружената група добила нов предлог за прекин на огнот од Египет – но дека египетската страна нагласила дека не може да се постигне договор со Израел доколку Хамас не го остави оружјето.
„Нашата преговарачка делегација беше изненадена што предлогот што го пренесе Египет содржи експлицитен текст за разоружување на отпорот“, рече претставникот.