Новинарот Рубен ван Гухт се огласи по скандалот во директниот пренос од хотелската соба. Белгиецот оствари видеоповик во емисијата „Radio 2 Weekwatchers“ и во таа пригода гледачите ги видоа нозете во креветот зад него. Се верува дека на овој начин е откриено дека Ван Гухт ја изневерил сопругата Бланка Влашиќ, познатата хрватска атлетичарка во скок во височина.
Следуваа неколку бурни денови, кои „се пробија“ низ медиумите. Новинарот се огласи пред осминафиналето на ЕП на белгиската репрезентација против Франција.
Тој се осврна на слабиот настап на Белгија во групната фаза, но многумина сметаат дека одредени зборови се поврзани со она што се случи.
- Секој ден не е ист. Луѓето се луѓе. Луѓето не се исти секој ден. Луѓето прават грешки. Јас за почеток, играчите, сите ние. Сите признаваат дека тоа беше пеколна игра, вклучително и играчите. Се случува. Какво бојно поле би било кога сите би биле осудени по лош ден. Се квалификувавме и среќен сум поради тоа.
Тенденцијата да се „казнуваат мислењата“, за жал, е тренд што преовладува во сите општествени области. Јас не сум љубител на тоа. Исто така, многу ми се вредни нијансите и хуманоста. И ќе продолжам да се залагам за тоа. И сега одиме на Франција! Сите уживаат во животот – изјави Белгиецот.
Медиумите во Белгија шпекулираат дека новинарот има афера со писателката Шарлот ван Луј, со која ја изневери и својата прва сопруга, Лоренс ван Тонгерла.