Новинарка го удри Трамп со микрофон/ВИДЕО

168
screenshot X

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше необичен инцидент кога беше удрен со микрофон во лицето додека новинарите му поставуваа прашања за време на прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд.

Како што се гледа на видеото, дел од продолжениот микрофон го удри Трамп во устата и се лизна преку дел од неговото лице додека тој ги затвора очите и се наведна наназад за да избегне понатамошен контакт.

Во тој момент Трамп се загледа во новинарката и сериозно ги крена двете веѓи, но набрзо се насмеа и се пошегува.

– Имаме голема приказна вечерва. Дали го виде тоа? – очигледно мислејќи на новинарката.

Потоа, како што пишува „Њујорк Пост“, откако им се обратил на медиумите, низ смеа прашал некого: „Дали го видовте тоа“ смеејќи се на инцидентот.

ИЗДВОЕНИ