Нови снимки покажа ОЈО, обвинетите се собираат кај Велибор Манев вечерта пред убиството на Панче

2289

Нови докази од камерите поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев презентира обвинителството на судењето за двојното убиство на Панче и Вања. Ноќта пред убиството на Жежовски, на 21-11-2023 обвинетите се се собрале во куќата на Велибор Манев, на снимките се гледаат како доаѓаат, Боре Видевски со својот автомобил, а Љупчо Палевски и Влатко Кешишев со рено кангуто на партијата Десна.

По извесно време обвинетите се гледа од снимката како се организираат за нешто, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.

Панче Жежовски првично се водеше за исчезнат, а додека не беше пронајдено неговото возило цитроен запалено кај Бразда на неколку метри од местото каде била закопана Вања. Жежовски е пронајден закопан кај местото Рудник, на патот помеѓу Велес и Скопје, убиен со пиштол. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ