Денеска во 11 часот и 52 минути Нови Сад застана на 14 минути. Поминаа точно 14 дена откако се урна настрешницата на новореконструираната Железничка станица и однесе 14 животи, додека тројца тешко повредени се уште се борат за живот.
Затворени сме од 11:52 до 12:06 часот
14 minuta ispred Filozofskog. Prekinuta predavanja. Profesori i Studenti izašli napolje✊ pic.twitter.com/AUGbJ0izp8
— Srdjan Cvijic (@srdjancvijic) November 15, 2024
Социјалните мрежи се преполни со фотографии од оние кои го поддржаа овој тип на протести бидејќи и 14 дена по трагедијата, никој од одговорните не е уапсен.
2 gavrana su se igrala na travi
2 policajca su sedela u kolima
14 crnih balona je poletelo u nebo….2 su se nekako odvojila..
Kišica pada..
Novi Sad….stanica… pic.twitter.com/cBfUnFrX2g— siniša tadić (@sinisatadic69) November 15, 2024
Погачар: Нови Сад беше единствен
Миран Погачар од движењето БРАВО вели дека граѓаните се обединети во нивната болка, но и подготвеност да ги најдат виновниците.
„Нов Сад денеска беше единствен. Имавме информации дека работниците од Електровојводина, од РТВ и многу други компании излегоа на улиците. Дека се солидаризираа од Белград, Краљево, Врбас, долината Јадра…“, рече Погачар.
Novi Sad pic.twitter.com/VtGzoiSaeD
— Ivana (@IvRadoicic) November 15, 2024
12:09 часот
Истекоа 14 минути, сообраќајот продолжува Заврши 14-минутниот протест.
Novi Sad je stao… Ko je smeo! pic.twitter.com/X7qCQctsN6
— Lodger Limansky (@paratzelzius) November 15, 2024
Денеска во 11.52 часот Нови Сад ќе застане! 14 минути за 14-те загинати при падот на настрешницата