Пациентите повредени по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.
Двајцата пациенти се свесни и, како што соопштија од Клиничкиот центар на Војводина, дишат спонтано.
Тие се сместени во Клиниката за анестезија, каде во услови на операциона сала се применуваат сите неопходни мерки на интензивно лекување и дневни завои“, се наведува во соопштението.
Од болницата наведоа дека за секојдневниот третман на пациентите одлучува мултидисциплинарен тим, составен од анестезиолози и хирурзи.
Ним им беше овозможена и континуирана психолошка поддршка од клинички психолози и психијатри, со цел да им се олесни процесот на закрепнување“, беше соопштено.