Во централното ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ целосно се менуваат подовите во училниците, на површина од 270 квадратни метри, како и оштетените внатрешни врати.
Од Општина Ѓорче Петров информираат дека овие активности се дел од напорите за модернизација и унапредување на образовната инфраструктура во општината.
-Со овие инвестиции, се грижиме да обезбедиме современи и безбедни услови за учење. Ова не се само градежни зафати, туку вложување во иднината на нашите деца и нивниот квалитет на образование. Нашата цел е да обезбедиме простор каде што децата ќе можат да учат и растат во најдобри услови – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, додавајќи дека со овие активности, училиштето не само што добива нов изглед, туку создава функционален и инспиративен простор за учениците.
Во истото училиште, Општина Ѓорче Петров неодамна заврши два големи инфраструктурни проекти за подобрување на условите за физичко образование и спорт , реконструкција на игралиштето за фудбал на трева, како и за баскет на тартан подлога.