Кошаркарите на Армани Милано славеа победа над шампионот Панатинаикос со 87:75 во 24. коло од Евролигата. Јунак на победата беше Зек Ледеј со 33 поени, осум скока и една асистенција, додека на другата страна Костас Слукас постигна 22 коша и шест асистенции. Солидно издание за Италијанците имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој за 11 минути поминати на терен запиша четири поени, две асистенции и еден скок.

Солидна партија имаше и Ти-Џеј Шортс во победата над неговиот Париз над Асвел со 91:82. Мечот го заврши со 13 поени, шест асистенции и три скокови.

 

ИЗДВОЕНИ