Следните руско-американски контакти би можеле да се случат веќе следната недела, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) и специјален претставник на рускиот претседател за економска соработка со странство, Кирил Дмитриев, по посетата на Вашингтон.
„Веќе следната недела“, рече Дмитријев, одговарајќи на прашањето кога би можеле да се очекуваат нови контакти меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, пренесува ТАСС.
Дмитријев во изминатите денови во име на рускиот претседател Владимир Путин имаше средби во Вашингтон со клучни претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.