Нови клупи, столчиња и смарт-табли во основните училишта во Бутел

22

Општина Бутел обезбеди нови клупи, столчиња и смарт-табли за учениците во општинските основни училишта. Училишниот мебел не беше обновен повеќе години. Локалната самоуправа преку континуирани инвестиции во основните училишта обезбедува подобри услови за учениците.

-Новите смарт-табли овозможуваат интерактивно учење, го зголемуваат интересот за настава и го збогатуваат наставниот процес. Општина Бутел продолжува со активности за дигитализација во образованието – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека постојано вложуваат во подобрување на стандардите за следење на наставата, а образованието и младите остануваат врвен приоритет на градоначалникот Дарко Костовски.

ИЗДВОЕНИ