Началникот на општина Калесија, Нермин Мујкановиќ се обрати до јавноста по бруталното убиство на мајката и 13-годишното дете. Полицијата се уште трага по осомничениот за нивното убиство.
„Она што можам да го кажам во овој момент е дека според информациите од СВК Калесија нема пријави за семејно насилство. Точно е дека јавноста е вознемирена и ние самите сме затечени од овој случај. Треба да ги оставиме истражните органи да си ја завршат работата“, рече началникот, пренесува Српскаинфо.
Директорот на Центарот за социјална работа Мухамед Мајданчиќ изрази жалење што Калесија е меѓу градовите каде се случил ваков случај.
Познат ни е случајот на семејна ситуација во која се случил фемицидот. Тие се во процес на развод, но ништо не можеше да предвиди дека може да се случи ваков случај. Апелирам сите на кои било начин се загрозени да се обратат во полиција и во Центарот за социјална работа за да се спречат вакви случаи – рече Мајданчиќ.
Тој изјави дека убиецот и жртвите, и покрај бракоразводната постапка, живееле во заеднички стан. Тој нагласи дека немале ниту една пријава за семејно насилство.
– Постапката течеше без проблеми, а детето беше добар ученик – рече тој.