Нови детали за состојбата на Кејт Мидлтон – „Битката со ракот е исцрпувачка“

109

Кејт Мидлтон речиси десет месеци се бори со ракот, кој и беше дијагностициран на почетокот на годината. Принцезата во последно време се чувствува подобро, а сега со нетрпение го очекува враќањето на нејзините деца на училиште.

„Таа се чувствува многу посилно и поздраво. Ова е некако горчлив и сладок период за неа, таа е секогаш емотивна кога започнува училиштето бидејќи тоа е нов чекор за нејзините деца, но и доказ за тоа колку брзо растат“, вели инсајдер од кралското семејство за британските медиуми.

Во средината на јули таа откри како напредува лекувањето на ракот, но и дека битката со ракот е многу исцрпувачка.

„Како што знаат сите што поминуваат низ хемотерапија, има добри и лоши денови. За време на полошите денови се чувствувате слаби, уморни, а телото бара одмор. Во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакате да ги искористите тоа убаво чувство најдобро што можете“, изјавила таа и истакнала дека лекувањето ќе трае уште неколку месеци.

Откако на Кејт Мидлтон и беше дијагностициран рак, извесен период не се појавуваше во јавноста, а потоа за прв пат се појави во јавноста по шест месеци и настаните по повод роденденската прослава на кралот Чарлс.