Уште пет лица се уапсени под сомнение дека учествувале во трговија со деца во Брчко, неофицијално дознава „Блиц“. Во една куќа во местото Ивиќи биле пронајдени дури 31 дете на возраст под 12 години, а најмалото дете имало само неколку месеци.
Претходно полицијата во Брчко на БиХ уапси три лица под сомнение дека извршиле сериозни кривични дела, вклучувајќи трговија со луѓе, трговија со деца и злоупотреба и занемарување на деца.
Според информациите до кои дојде ФТВ, меѓу уапсените се и полицаец и неговата мајка.
Децата кои се пронајдени немаат документи од БиХ, но наводно поседуваат пасоши од Република Хрватска. За нив се грижела жена, најверојатно италијански државјанин.
Според информациите, децата во моментов се безбедни и грижата за нив ја презел Центарот за социјална работа.
Истрагата е во тек и во наредните часови и денови ќе се знаат повеќе детали, меѓу кои и дали осомничените имале помагачи и како е развиена мрежата. Ќе се утврдува и идентитетот на децата – вели извор за „Блиц“.
Полицијата во куќа во Брчко пронајде 31 дете, меѓу кои и бебиња – сите со хрватски пасоши