Нови детали од крвавиот масакр во Цетиње: Монструмот Мартиновиќ уби 12, повреди четири, а имал на мета уште две лица?!

52
EPA-EFE/STRINGER

Масакрот на цетинскиот монструм Ацо Мартиновиќ траеше околу половина час, при што тој успеа да убие 12 жртви на пет локации и да рани четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошен објект во близина на неговата семејна куќа. Мартиновиќ во убиствениот поход уби три жени, седум мажи и две деца.

Се започнало во една кафана по цел ден пиење во пријателска атмосфера, кога Мартиновиќ почнал расправија и решил да го започне крвавиот пир.

Излегол од кафеаната за да земе оружје, а потоа брзо се вратил и ги испукал фаталните истрели кон четири лица. Мартиновиќ откако убил четири лица со кои се дружел цел ден во кафаната, продолжил да сее смрт на уште четири локации. Помрачената свест на овој цетињенец не ги поштедила животите на две деца, чиј татко го убил претходно.

Пукањето траела помалку од половина час, по што Мартиновиќ побегнал со својот автомобил. По првите информации за пукање во кафаната, а и на други локации, имаше индиции дека планот за убиство ќе продолжи на уште неколку локации, кои полицијата со брза интервенција успеа да ги обезбеди.

Како што е познато, Мартиновиќ и претходно со првостепена пресуда беше осуден за недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, поради што се стравуваше дека ќе ги таргетира обвинителот и судијата што го осудија, но со интервенција на полицијата, тие локации беа брзо обезбеден, пренесуваат црногорските медиуми.

Според неофицијални информации, Мартиновиќ по масовното убиство побегнал со својот автомобил, кој поради полициските блокади, кои биле воспоставени низ целиот град, решил да го напушти и да го остави покрај патот во градот Бајице.

После тоа од неколку локации полицијата добила информација дека тој наводно е виден, но ништо од тие информации не е потврдено, вклучително и дека Мартиновиќ се криел во холот на фабриката „Обод“.

Во соработка со мештаните, полициските службеници добиле нови информации дека Мартиновиќ можеби се крие во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа.

Специјалните единици на полицијата потоа го опколиле теренот, каде со помош на термална камера го забележале Мартиновиќ во близина на таа зграда. Полицијата потоа му упати предупредување да го остави оружјето и да се предаде. Додека се нашол во круг од кој не можел да излезе, Мартиновиќ истрчал до блискиот потпорен ѕид, каде си пукал во главата, по што починал во возилото на Брза помош.

ИЗДВОЕНИ