Нови апсења за падот на настрешницата во Нови Сад

25
EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Во нова антикорупциска операција поради уривањето на настрешницата во Нови Сад, утрово била уапсена менаџерката на Српската железница со седиште во Белград во врска со уривањето на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога 15 лица загинаа, а две лица беа тешко повредени.

Во истата акција, која се спроведува по наредба на антикорупциското одделение на Вишото јавно обвинителство во Белград, како што пренесува „Танјуг“, во тек е апсење на уште неколку лица.

ИЗДВОЕНИ