Новата сопственичка на вилата на Пери се помолила за ѕвездата на „Пријатели“: Ја купив за рајот, не за Метју

18

Инвеститорката која го купи сега веќе поранешниот дом на Метју Пери во Лос Анџелес, откри детали за „церемонијата на благослов“ одржана на имотот.

Анита Верма-Лалијан, која е и филмски продуцент, ги објави сликите и видеото на Инстаграм, пишувајќи дека таа и нејзиното семејство планираат да ги почитуваат „позитивните аспекти од животот на претходниот сопственик, неговиот огромен талент и сета радост што ја донел на многу луѓе“.

Таа исто така додаде дека ќе задржи некои од карактеристиките – вклучувајќи го и познатото лого на Бетмен во базенот на имотот, кој „дефинитивно останува“.

Пери беше пронајден мртов во оваа куќа на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст.

Тој се удавил во када, под дејство на кетамин. За смртта на ѕвездата на „Пријатели“ уапсени се неколку лица, бидејќи нелегално го снабдувале со дрога.

„Во моментот кога влегов во куќата, апсолутно се заљубив во карактеристиките, особено во погледот на Тихиот Океан. Знаевме дека тоа е „домот“. Секој дом ја носи енергијата што сегашниот сопственик ја вложува во него. Имавме среќа што нашиот хинду свештеник од Аризона дојде во куќата за да ја благослови. Се помоливме за Метју“, рекол новиот сопственик.

Одлуката за купување на имотот, тврди новата сопственичка, немала никаква врска со Пери и неговата слава. Имотот е продаден за 8,55 милиони долари.