Новата детска градинка што се гради во населеното место Трубарево ќе го носи името „Кокиче“, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
– Нека е со среќа! Посакувам што повеќе дечиња да растат во новата градинка – напиша Стефковски.
Тој претходно ги повика граѓаните да ја пополнат анкетата и да дадат свој придонес во изборот на име на градинката во Трубарево.
Тие требаа да се одлучат меѓу имињата Срничка, Бубамара и Кокиче, но повеќето се изјаснија за кокиче, бидејќи, како што коментираше, граѓанка: „Кокичето ѝ пркоси на зимата, како што треба и децата да бидат силни пред предизвиците. Секој нов почеток носи нова надеж и можност“.