
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува во Марбеља за продолжението на сезоната на земјена подлога, поточно Мастерсот во Мадрид, каде што нема играно од 2022 година.
Најдобриот играч на сите времиња тренираше со Јужноафриканецот Лојд Харис, а наскоро треба да му се придружи и Енди Мареј кој не беше со Ноле во Монте Карло.
Пред три години загуби од Карлос Алкараз во полуфиналето, додека последниот трофеј го освои во 2019 година.
Пред Ролан Гарос остануваат уште два Мастерса, а по тримесечна суспензија, светскиот тенисер број еден – Јаник Синер се враќа во Рим.
Ждрепката за турнирот во Мадрид се врши во понеделник со почеток во 11 часот.