epa11848997 Novak Djokovic of Serbia reacts during a semifinal match of the Australian Open against Alexander Zverev of Germany at Melbourne Park in Melbourne, Australia 24 January 2025. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, откако поради повреда му го предаде полуфиналниот меч на Германецот Александар Зверев на Австралија опен, на прес-конференција во Мелбурн зборуваше за тоа што го натерало да го предаде натпреварот. Новак ретко предава, но повредата била и повеќе од сериозна и затоа немал избор.

„Колку сум загрижен? Не удрив топче од мечот со Алкараз. Направив што можев за да го санирам скинатиот мускул. Употребив лекови, стегачи, физичка работа. Сето тоа донекаде помогна денес, но на крајот од првиот сет почувствував се повеќе и повеќе болки и беше премногу да продолжам.

Да го освоев сетот можеби и ќе се обидев повеќе. Ова е кинење на мускул. Пред две години успеав подобро да се справам со ваква повреда на теренот, тоа не ми пречеше толку многу. Сепак, овојпат тоа не беше случај. Ова не е првпат да се најдам во ваква ситуација. Повредата е најголемиот непријател на професионалниот спортист. Во минатото се справував со некои повреди кои ми помогнаа да играм подобро и да освојам турнири, но не беше така и денес.

Морам да направам повеќе истражувања. Кога ќе се вратам во Европа, ќе се сретнам со физиотерапевтите и медицинскиот тим и ќе видиме што е најдобро за мене да закрепнам што е можно побрзо.За неколку недели треба да играм во Доха, но дали ќе играм зависи од тоа колку брзо ќе закрепнам. Сакам да освојувам уште грен слем турнири и се додека имам чувство дека сакам да се борам за сето ова, ќе играм“, заврши Ѓоковиќ.

ИЗДВОЕНИ