Поранешниот француски тенисер Николас Ескид, изјави дека најдобриот тениер во историјата Србинот Новак Ѓоковиќ, повеќе нема да освои ниеден трофеј во кариерата. Николас Ескид е поранешен француски тенисер кој професионално играше од 1995 до 2006 година и неговиот најдобар пласман беше 17-тото место во 2000 година.
Тој за „Еуроспорт“ го коментираше падот во формата на Новак Ѓоковиќ, кој во Монте Карло беше елиминиран уште во првото коло од Чилеанецот Алехандро Табило.
„Очигледно е дека Новак е во пад. Веќе не гледам дека освојува грен – слем титули. Му стана премногу комплицирано. За негова жал, колку повеќе се труди да игра, толку повеќе има проблеми. Тоа им се случи и на Роже Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј. Колку повеќе се трудите, толку повеќе има физички проблеми, а тоа ви ја намалува самодовербата на теренот. На почетокот на годината веќе се прашувавме што ќе биде со Новак. Знаеме што постигна, а тоа нема да може повторно да го постигне. Не само вакви подвизи, туку и на други турнири каде што ќе игра. Нема да има повеќе натпревари каде тој ќе загуби само неколку сета“, изјави Ескиде.
Српскиот тенисер годинава нема освоено ниедна титула, а неговиот пад на играта трае уште од минатата сезона кога освои само една титула, олимпиското злато во Париз. Од тогаш се почести се неговите порази отколку победи и тоа најчесто во првото или второто коло на турнирите каде што настапува.