Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, нема да игра на завршниот Мастерс во Торино. Србинот се огласи на социјалните мрежи и со својата порака ги загрижи, но и ги разочара своите обожаватели.

– Чест е да се пласирам во Торино. Навистина се подготвував да одам таму, но поради повредата нема да играм следната недела. Им се извинувам на сите што планираа да ме гледаат. На сите спортисти им посакувам одличен турнир, се гледаме наскоро – напиша тој на својот профил на друштвената мрежа Инстаграм.

На овој начин Новак ја заврши сезоната која ќе биде запаметена по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри, но и по неуспесите на другите турнири. Дали следната сезона ќе биде подобра и што може да се очекува од него во 2025 година, останува времето да покаже.