Нова жртва на измамниците со „вашата ќерка прегази дете“: 87-годишна жена измамена за 6.000 евра

40

Осумдесет и седумгодишна жена од Скопје пред два дена била измамена од едно машко лице за сума од 6 000 евра.

Како што соопшти МВР, жената вчера случајот го пријавила во СВР Скопје. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, жената парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ