Нова сообраќајна сигнализација на 11 улици во Ѓорче

42

Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозните напори за подобрување на сообраќајната безбедност, со нови интервенции кои вклучуваат поставување на современа сообраќајна сигнализација.

Во рамки на тековните активности, на 11 улици во урбаниот и руралниот дел на општината, сe поставени гумени забавувачи на брзината (легнати полицајци), сообраќајни знаци за ограничување на брзината, како и сферни огледала на места со намалена прегледност.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, нагласи дека овие мерки се дел од општинската стратегија за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, посебно за пешаците и децата.

-Безбедноста на нашите улици е нашиот најголем приоритет. Овие интервенции се само дел од постојаните напори да ги направиме нашите улици побезбедни за сите граѓани. Поставувањето на легнати полицајци, сообраќајни знаци и огледала ќе помогне во намалувањето на несреќите и подобрување на видливоста, особено во областите каде што има намалена прегледност – изјави Стојкоски.

Тој додаде дека со оваа акција, Општина Ѓорче Петров се стреми кон редовно следење на потребите на граѓаните и извршување на интервенции каде што се најпотребни.

ИЗДВОЕНИ