Нова снимка од атентатот на Фицо менува се! Напаѓачот имал соучесници?/ВИДЕО

3620
EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, но се уште е во болница поради повредите во обидот за атентат.

Фицо беше застрелан од 71-годишниот Јурај Цинтула, писател и политички активист. Обвинет за обид за убиство во саботата, тој беше задржан во притвор до судењето.

И додека словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток изјави дека атентаторот можеби не дејствувал сам, како што се веруваше претходно, на социјалните мрежи се појави видео кое фрла ново светло на обидот за убиство на словачкиот премиер.

На видеото се гледаат маж и жена кои се приближиле до оградата за да го видат премиерот одблиску. Барем така изгледаше пред да се слушнат истрелите.

Жената на видеото делува невообичаено нервозно и исплашено за некој кој дошол да го види премиерот.

@razos.hu

#Fico #video #elemzés

♬ eredeti hang – razos.hu – razos.hu

А, сомнеж предизвика и однесувањето на човекот од видеото. Имено, кога атентаторот пукал во Фицо, очекувано настанала гужва, но овој човек не се ни поместил.

На снимката делува дека мажот и жената знаеле што ќе се случи. Поради оваа снимка, жителите на Словачка се повеќе веруваат дека Јурај Цинтула всушност бил само инструмент на „некој горе“ или „од страна“.

Вицепремиерот на Словачка и министер за одбрана Роберт Калињак денеска соопшти дека премиерот Роберт Фицо е свесен и дека лекарите се надеваат на позитивна прогноза.

Калињак повтори дека операцијата во петокот била успешна, но дека неговата состојба се уште не дозволува премиерот во наредните денови да биде префрлен од болницата во Банска Бистрица.