На социјалните мрежи се појави нова снимка од трагичната ноќ во која се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На видеото може да се види како присутните во паника почнуваат да излегуваат од дискотеката и како настанува турканица на излезот.
„Излегувај се запали Пулс“, вели една девојка на видеото.
Во пожарот загинаа 59 луѓе, а над 200 беа повредени.