Делегации на Русија и САД ќе одржат нова средба утре, на 27 февруари во Истанбул, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Како што пишува „Медуза“, преговорите ќе се фокусираат на отстранување на пречките за работата на дипломатските претставништва на земјите.
-Мислам дека резултатите од средбата јасно ќе покажат колку брзо и ефективно можеме да напредуваме, рече Лавров.
Првите преговори меѓу делегацијата на Русија предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и на САД на чело со државниот сектретар Марко Рубио се одржаа на 18 февруари во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Тие беа посветени, меѓу другото, на завршување на руско-украинската војна.