Нема ништо подобро од комбинирање на работа и задоволство. Така е и со супермоделот Изабел Гилар. Бразилската манекенка моментално ужива во тропските предели и промовира облека на познати брендови, па ја искористи приликата да ги задоволи своите 4,4 милиони следбеници на Инстаграм, со секси фотографии на кои е оскудно облечена.

Таа уште еднаш го потврди епитетот што го носи со своето име – најубава жена на светот, иако има речиси 40 години. Последната објава на оваа популарна социјална мрежа ја разгоре фантазијата на многу мажи, а ни жените не можат да останат рамнодушни.

Од 2015 година е во врска со голманото на Ајнтрахт од Франкфурт, Кевин Трап, со кого се вери во 2018 година, па како пар привлекуваат големо внимание. Еднаш откри доста интимни детали од нивната врска.

  • Водиме љубов четири до пет пати на ден. Меѓутоа, ако неговиот тим го загуби натпреварот, тогаш нема интимност. Дури ни високите потпетици и долната облека не можат да ми помогнат по поразот. Од друга страна, ако победи, тогаш не спиеме таа вечер и имаме секс до утрото, изјави неодамна Гилар.

ИЗДВОЕНИ