Нов проблем за градските власти: Обичајот да се фрлаат монети во римските фонтани почна да го загрозува нивното одржување

104

Обичајот да се фрлаат монети во римските фонтани станал толку раширен што почнал да го загрозува нивното одржување и зачувување низ римската престолнина.

Туристите, кои во огромен број го посетуваат Рим, сè почесто фрлаат монети во фонтаните на Пјаца Навона, Пантеон и Пјаца Пиа, со што градските власти имаат проблем како да ги зачуваат некои од најпознатите споменици на „Вечниот град“ кои се специјално реновирани за оваа јубилејна година за Римокатоличката црква.

Симболичниот гест на фрлање монети, кој датира од античко време и се припишува на верувањето дека божествените суштества живеат во вода, ги загрозува не само фонтаните туку и остатоците од римските споменици како Колосеумот.

Монетите фрлени на дното на фонтаните оксидираат и оставаат кружни траги од ‘рѓа, што особено важи за оние од еден, два или пет евроценти.

Покрај проблемот со одржувањето, се појави уште еден, а тоа е дека некои луѓе влегуваат во фонтаните и ги земаат фрлените монети, пренесува ЕФЕ.

Последиците од овој обичај се закануваат на конзервацијата на спомениците и градските власти можеби ќе треба да ја преиспитаат оваа традиција за да избегнат оштетување на културното наследство.

ИЗДВОЕНИ