EPA-EFE/TOM WHITE

Возачот на Ред бул, Макс Верстапен, изјави дека е горд на својот тим по победата на претпоследната трка во сезоната во Формула 1, возена во Катар.

  • Горд сум на сите во тимот, затоа што успеаја да направат неверојатна работа за само еден ден (осмо место на спринтерската трка во саботата). Дефинитивно ја заслужуваат оваа победа – изјави Верстапен, а пренесе „Скај спортс“.

Верстапен минатата недела ја обезбеди својата четврта последователна титула светски првак во Формула 1. Трката во Катар беше обележана од борбата меѓу него и Ландо Норис од Мекларен, кој на крајот беше казнет со дополнителни 10 секунди поради брзо возење под жолтите знамиња.

  • Тоа беше многу добра трка. Се разбира, веќе во квалификациите болидот беше многу подобар, а денес тие први гуми (средно тврди) беа многу, многу брзи. Ландо и јас цело време бевме со разлика од 1,8 секунди. Беше забавно – додаде Верстапен, кој ја запиша својата 63. победа во кариерата.

Шарл Леклер од Ферари го зазеде второто место, изјавувајќи дека ќе ја прифател оваа позиција пред трката.

  • Навистина сум среќен, мислам искрено, би потпишал на парче хартија велејќи дека ќе завршиме втори по ваков викенд. Особено на оваа патека, бидејќи карактеристиките на нашиот болид не се совпаѓаат со тоа. Го знаевме тоа, знаевме дека ќе биде тежок викенд за нас во споредба со Мекларен, но на крајот успеавме да освоиме бодови, така што ќе биде битка до последната трка во Абу Даби, следната недела – истакна Леклер за битката на Мекларен и на Ферари за титулата во поредокот на конструктори.

Мекларен води во генералниот пласман, со 21 бод пред Ферари. Британскиот тим ја освои последната титула во 1998 година, додека Ферари пред 16 години последен пат ја освои шампионската титула кај конструкторите.

Во шампионатот на возачи води Верстапен со 429 бода, второпласираниот Норис има 80 бода помалку, а Леклер заостанува осум бода зад Норис на третата позиција.

Последната трка од сезоната ќе се вози следната недела, за Големата награда на Абу Даби.